Шведска после 20 години пауза дојде до нов златен медал на Европските првенства и со тоа се зацврсти на вечната листа на репрезентации со најмногу трофеи во ова натпреварување.
По враќањето во својата земја, тамошната федерација ги соопшти премиите, истите се според правилникот, а секој ракометар ќе земе различна сума на пари.
Играчите кои ги одиграа сите натпревари на ЕУРО добија нешто повеќе од 12.000 евра. Дневницата за секој ракометар без разлика на резултатот изнесува 90 евра, додека секоја победа вреди 500 евра. Со оглед на тоа дека Швеска победи на осум меча, секој играч заработи по 4.000 евра.
Оние играчи кои минаа најмногу време на паркетот, вкупно заработија 19.000 евра. Што се однесува до репрезентативците кои го носеа дресот на оваа земја во претходните година дена, само од премии имаат заработено 36.000 евра, за среброто на СП, златото на ЕУРО и изборениот пласман на ОИ во Токио.










