Брегалница блескаше во Анталија, како ли ќе биде во пролетниот дел во ПМФЛ!?

486

Поголемиот дел од нашите прволигашки клубови во Анталија ја одработија главната фаза од тековните зимски подготовки. И сите тие имаа добри и не толку добри „партии“, Сепак тие резултатите треба да се примат со голема резерва. Прво со каков тим настапуваш, дали им даваш шанса на сите играчи. Потоа со каков тим настапува противникот и дали тој е доволно мотивиран да одигра навистина квалитетно.

Сепак треба да се каже дека најдобра форма и најдобри резултати во Анталија на овие пријателски имаше Брегалница. Од тоа што можеше да се види јасно е дека штипските “сини“ блескаа во Анталија. На четири меча со силни противници победија на три, а еднаш одиграа нерешено. Резултатите со Кубан (1:0), Зира (1:1), Металист 1925 (4:0) и Тобол (3:0) се за респект.

Сепак прашањето е како и дали таа форма новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски ќе успее да ја пренесе и во пролетниот дел во ПМФЛ.

Старо правило е со нашите екипи кои играат пријателски во Анталија. А тоа е дека оние екипи кои имаат одлични резултати таму во сезоната во ПМФЛ се катастрофа.

Останува да се види. Пролетниот дел стартува на 12-13 февруари, значи следниот викенд.

ПретходноЗА НЕПОЛНИ ДВЕ НЕДЕЛИ, УШТЕ ЕДЕН СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ
СледноШведските ракометари ги дознаа премиите за освоеното злато на ЕУРО