Иако се чинеше дека Осман Дембеле ќе ја напушти Барселона и имаше бројни понуди, сепак не се случи ништо од тоа. 24-годишниот фудбалер не го продолжи договорот со каталонскиот гигант, па јасно е дека на лето ќе биде минато.
Дембеле во последните денови од преодниот рок се поврзуваше со ПСЖ, Челзи и Тотенхем, но ги одби сите понуди, одлучи да остане во Барселона, да го одработи договорот до крајот на сезоната.
Французинот во Барселона дојде во 2017 година од Борусија Дортмунд за 140 милиони евра и се покажа како погрешен потег.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја откри судбината на Дембеле, сигурно нема да му се допаѓа она што го слушна.
„Ние градиме тим на долги стази, најважно е на кого ќе можеме да сметаме следната сезона. На него најверојатно нема, неговиот тим не сакаше да го прифати она што го понудивме. можевме одново да преговараме, но тој не сакаше. Неговите барања беа неостварливи. Баравме решение, да оди во друг тим, но ни тоа не го сакаше. Чувствувам дека има договор со друг клуб, шансата да заигра за Барселона е мала. Секако одлуката ќе ја донесе Чави“, изјави првиот човек на Барселона.
Оваа сезона Дембеле за Барселона одигра 11 натпревари, постигна само еден гол и подели две асистенции.