УЕФА со неверојатна анализа: Колку пари загубија клубовите за време на пандемијата?

153

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави неверојатни податоци и огромен минус во касата на клубовите како резултат на пандемијата со Ковид-19. Извештајот на УЕФА покажа голем пад на трансфер пазарот и загуба од седум милијарди евра во изминатите две години, односно во времето на пандемијата.

Дефицитот за 2020 година изнесувал четири милијарди, а за 2021 година три милијарди евра, со што прекина растот кој се случуваше во последните 20 години.

Главни причини за загубите се падот на приходите од билети, кои се околу 4,4 милијарди евра, намалувањето на комерцијалните и спонзорските активности (околу 1,7 милијарди) и ТВ правата со нешто помалку од милијарда.

Позитивната насока од последните неколку месеци е забележана како светлина на крајот од тунелот, бидејќи, како што забележаа од УЕФА, се повеќе навивачи се враќаат на стадионите.

ПретходноИграа на минус 16: Двајца фудбалери на Хондурас добија хипотермија за време на мечот со САД
СледноЗОИ 2022: Кина го постигна првиот гол во женски хокеј на ЗОИ