Најочајно издание: МЗТ Скопје сам се „закопа“, Сутјеска го прекина налетот (ФОТО)

299

Во дуел со скромен број на поени, би рекле без квалитет, МЗТ Скопје не успеа да ја продолжи победичката серија во АБА 2-лига. Имаше шанси, но не ги искористи, бројни загубени топки, промашени слободни фрлања, на крајот беа доволни за пораз од 56-55. Ова е втор оваа сезона во второлигашкото друштво на Јадранот.

Мекиќ во самиот финиш не беше прецизен од линијата за слободни фрлања, а кошаркарот на Сутјеска кој беше очаен до финишот, Војиновиќ, со пет поени го сопре налетот на „штроковите“.

Милошевиќ со 14 поени беше прв стрелец, зад него беше Мекиќ. Војдан во дебито не се запиша во листата на стрелци, Кари имаше само пет.

МЗТ Скопје отвори со 1-8, но набрзо оваа слика се промени. Реализацијата тешко одеше, а Дарко Радуловиќ никако не успеваше да ја најде вистинската петорка. Пред самиот крај на првата четвртина противникот со серија од 12-2 поведе со 28-20 во 13. минута.

Мекиќ на кратко ја прекина серијата на Сутјеска, која поведе и со 30-22. На одморот беше 33-27, македонскиот првак во втората четвртина постигна само девет поени.

По одморот и двата тима имаа проблем, цели четири минути не падна ниту еден поен на теренот. Кари го прекина овој молк со тројка. Во период со скромен број на поени, МЗТ со тројката на Мекиќ израмни на 41-41 на нецели две минути до крајот, а промаши многу шанси да го врати водството.

Токму со овие скромни 41-41, двата тима влегоа во одлучувачките десет минути. Во поентерскиот дел не се промени ништо. Мачно, мачно беше да се гледа. МЗТ Скопје имаше и проблем со слободните фрлања. Мекиќ и Рикиќ конечно од оваа позиција, Милошевиќ го вратија водството по долго време (45-51).

И наместо лесна завршница, македонскиот првак го врати во игра противникот, изгуби пет топки во пред откако Сутјеска намали на 51-53. Војдан Стојановски направи фаул во напад, Рикиќ го стори неколку секунди подоцна за нова шанса на противникот. На голема среќа немаше кош за изедначување, Николов реализираше две слободни фрлања за 51-55, на другата страна по тројката Војиновиќ намали на 54-55, Мекиќ промаши два пенали, истиот играч погоди за конечни 56-55.

Својата шанса за победа МЗТ Скопје ќе ја бара против Подгорица.

ПретходноПријателска во Анталија: Вардар одигра 1:1 против Херманштад!
СледноРадуловиќ разочаран: Не знам што да кажам! Имаме искусни играчи – да не можат да решат ваков меч