Пријателска во Анталија: Вардар одигра 1:1 против Херманштад!

458

На својата последна пријателска средба во Анталија, второлигашот Вардар денеска против Херманштад од Романија одигра 1:1 (1:0). Во првото полувреме вардарци имаа водство од 1:0, но во 62.минута и тоа од пенал противничкиот состав израмнил на 1:1, со што го поставил конечниот резултат.

Стратегот на Вардар Никола Глигоров, денешниот меч го започна со следните единаесетмина: Гачевски, Стојанов, Мишковски, Ристески, Глишиќ, Д. Мицевски, М. Блажевски, Николов, Јованов, Д. Блажевски и Петковски.

Во продолжение од оваа средба шанса добија уште неколку други фудбалери.

ПретходноЕ.Пелистер добива големо засилување пред дуелот со Партизан (ВИДЕО)
СледноНајочајно издание: МЗТ Скопје сам се „закопа“, Сутјеска го прекина налетот (ФОТО)