По големата врева што се дигна во јавноста која буквално „експлодира“ околу бодувањето или висината ваучерот за Дејан Георгиевски, нашиот спортски херој од ОИ во Токио, каде на Македонија и го донесе среброто, се јавија и од АМС.
Имено претходно свое видување и коментар имаше и самиот Георгиевски кој напомена дека сумата од 350.000 денари е срамна и смешна во однос на неговите постигнувања.
На се ова реагираа и од АМС кои, и во изјава за „Фокус“ признаа дека има грешка кај ваучерот на таеквондистот Дејан Георгиевски.
“За тој случај мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред“ изјави првиот човек на АМС Наумче Мојсоски за „Фокус“.
Секако дека тука треба да се нагласи дека има и уште други “грешки“, барем според наше мислење.
Имено несфатливо е како некои спортски федерации не добиваат ваучер, како тоа се бодуваат клубовите во однос на спортовите.
Можеби оваа идеја е добра, но сепак треба да се смени под итно начинот на бодување и висината на ваучерите. Едноставно не смее да игра грешки, посебно не кај наши спортски идоли како Георгиевски.
За ова некој мора да одговара.
Зарем среброто од Токио, медалот кој го чекавме со децении вреди само 350.000 денари или 5.700 евра?
Срамота…