Мите Цикарски оди во Подгорица

693

Искусниот лев бек Мите Цикарски својата кариера ќе ја продолжи во Црна Гора. Тој во следниот период ќе настапува за екипата на Подгорица која што на пролет ќе има задача да го поправи впечатокот од есенскиот дел.

Цикарски последно настапуваше за екипата на Ботев Пловдив во  Бугарија, и поголемиот дел од кариерата ја мина на интернационално ниво. Најпрво беше дел од младинскиот погон на Партизан, за по Вардар односно Работнички, да игра и за Етникос, ГАЗ Метан, Пас Јанина, а кратко беше и во Академија Пандев.

 

ПретходноЖенската А репрезентација ќе одржи камп во Дојран
СледноОткако јавноста “експлодира“: АМС призна дека има грешка кај ваучерот на Дејан Георгиевски!