Во првиот меч пролетва во ПМФЛ во тековната сезона, екипата на Струга ТЛ ќе го има веројатно најтешкото гостување. Денеска од 14 часот под Шара и гостува на Шкендија, на актуелниот шампион.
Дали може да се извлече добар резултат, свој коментар има стратегот на стружани Срѓан Захариевски, кој за „Спортмедиа“ истакна…
“Му гостуваме на силен тим, Шкендија осетно се засили, добро играше на подготовките, тетовци си имаат свои цели и амбиции. Но исто така и ние имаме свои амбиции. Како и на секој меч, па така и сега ќе одиме на добар резултат, на победа. Дали тоа ќе го оствариме ќе видиме после мечот. Познато е дека по традиција добро играме против Шкендија“ вели Захариевски.
Инаку Струга Трим Лум на овој меч нема да смета на неколкумина од ростерот..
“Па нема да играат Босанчиќ, Радиќ, Кочоски, Рамадани, а фактот дека се тие позајмени играчи од Шкендија, во конкуренција нема да бидат ниту Омар Џобе и Адеми. Сепак не се жалиме, јас инсистирам на колективна игра, без секого се може. Има тука доста играчи кои би можеле да ги заменат тие што ги нема. Лично очекувам добар натпревар и наше добро издание“ заврши шефот на струката на Струга Трим Лум.