Се погласни се најавите дека утре (16 февруари) или најдоцна во понеделник, ќе ескалира ситуацијата во источна Европа и дека Русија ќе изврши инвазија врз Украина.
Некој ќе рече, односно ќе се запраша, па што има тоа врска со со фудбалот, со Лигата на Шампионите.
Е, па има. И тоа каква. Имено денеска во Англија се пренесуваат информации дека ако ова се случи, ако Русија ја нападне Украина, тогаш УЕФА ќе му го одземе финалето во Лигата на Шампионите на Санкт Петербург. Познато е дека завршниот меч од најелитното клупско натпреварување е закажано да се игра на 28 мај 2022 година на “Гаспром Арената“ во преубавиот руски град.
Офцијално од УЕФА нема никаква потврда за вакво нешто, но ако навистина има војна меѓу Русија и Украина, повеќе од јасно е што ќе се случи и каква ќе биде одлуката на УЕФА.