ТФТ успеа да го победи Берое и се пласира во следната рунда на БИБЛ

102

Македонскиот тим ТФТ ќе игра во следната фаза на БИБЛ лигата откако успеа да го освои четвртото место во групата Б. Тимот од Тафталиџе денеска во последното коло го совлада бугарскиот Берое со 95:88 со што е единствениот македонски претставник кој ќе игра во наредната рунда. Да потсетиме Академија ФМП го заврши учеството во првата групна фаза, а Куманово беше дисквалификувано сред сезона поради несогласувања со челниците на БИБЛ.

Инаку во редовите на ТФТ на дуелот со Берое го имаше расположениот Ландриус Хортон кој постигна 27 поени, а Амир Смит имаше 18 поени, додека Александар Костоски заврши со 17 поени.

 

ПретходноАко Русија ја нападне Украина тогаш Санкт Петербург нема да биде домаќин на финалето во ЛШ!?
СледноКлоп: Интер е топ класа, ме плашат Хрват и Босанец