Клоп: Интер е топ класа, ме плашат Хрват и Босанец

267

Во рамките на осминафиналето на ЛШ во среда ќе се соочат Ливерпул и Интер и тоа на „Џузепе Меаца“, а тренерот на „црвените“ Јирген Клоп посочи дека играат против најсилната екипа од Италија. На прашањето од кои играчи најмногу се плаши, тој одговори:

Пред сите Иван Перишиќ. Го знам уште од Германија, долго време се немаме видено, тој е многу добар играч. Секако, тука е и Един Џеко. Меѓутоа најважно е дека играме против најсилната екипа во Италија, првокласен тим, тим со традиција. Она што јас сакам е ние да одиграме на ниво на кое сакаме. Против таков ривал како Интер мораме и сакаме да дојдеме до резултат“, изјави Клоп.

Оваа сезона не важи предност на гол во гости, а Ливерпул на „Енфилд“ е вистинска машина.

Не мислиме на реваншот и би било погрешно да се потпираме на Енфилд. Сакаме резултат на Меаца“, кажа Германецот.

ПретходноТФТ успеа да го победи Берое и се пласира во следната рунда на БИБЛ
СледноСТАРТНИ СОСТАВИ: Бензема тргнува за Реал (М), Меси, Мбапе и Ди Марија во нападот за ПСЖ