Кога по онаа “втора“ ждрепка во Нион, по скандалот во првата, се “паднаа“ во 1/8 финалето ПСЖ и Реал, фудбалскиот свет остана со подзинати усти. Зарем е можно? Зарем уште во раната фаза во елиминациите во ЛШ, ќе останеме без ПСЖ или Реал Мадрид.
Но, тоа е тоа.
Вечерва во 21 часот на “Паркот на принцовите“ се среќаваат во првиот од двомечот НАЈБОГАТИОТ клуб во светот против НАЈСЛАВНИОТ.
Фудбалска класика.
ПСЖ VS РЕАЛ МАДРИД. Насер Ал Клаифи против Флорентино Перез.
Има тука многу „приказни“… се разбира првата е “Килијан Мбапе“. Потоа враќање на Лео Меси на „Сантијаго Бернабеу“ каде што во дресот на Барса секогаш беше фантастичен.
Не смееме да заборавиме за Суперлигата…па токму Ал Келаифи ја “минираше“ идејата за Лигата со одбрани клубови која беше на Дон Флорентино, можеме само да замислиме како тоа тие двајца ќе седат еден до друг во ложата на „Паркот на принцовите“.
Оваа мега – пресметка ќе значи што и како со Покетино, треба да се види дали конечно “светците“ се доволно зрели за освојување на „ушлето“ во Лигата на Шампионите.
Вечерва светот ќе застане, нема да се говори за ништо друго освен за фудбалот, освен за дуелот меѓу ПСЖ и Реал. Па и “војната“ меѓу Украина и Русија ќе ја заборавиме.
Ова е меч кој е достоен и за големо финале.
Очекуваме спектакл. Очекуваме фудбалска МАГИЈА.
Во двете екипи има премногу фудбалски виртуози за да биде поинаку.
Ах, да… вечерва во вториот меч од оваа фаза играат и Спортинг и Манчестер Сити.
ФОТО: Twitter