И Македонија денеска ќе има претставник на супер дербито од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите. Емил Божиновски ќе биде контролор на судењето на мечот помеѓу Интер и Ливерпул, што е уште една потврда неговата несомнена експертиза на ова поле.
Ова ќе биде еден од најтешките мечеви секако за работа, од сите аспекти, пред се за арбитражата. Мечот е исклучително важен за двата тима, се работи за елиминациона фаза, па секоја и минимална грешка на судиите може да значи многу.
Токму затоа УЕФА практицира на ваков тип на мечеви да поставува искусни судиско работници од типот на Емил Божиновски.