Норвешка го освои машкиот крос кантри спринт во Пекинг

89

Репрезентацијата на Норвешка е освојувач на златниот медал во крос кантри спринт штафетата која што претпладнево се одржа на ЗОИ во Пекинг.

Норвежаните на целта стигнаа први пред репрезентацијата на Финска, додека пак Русија е бронзена во оваа трка.

Јоханес Клебо уште еднаш покажа дека е број еден во овој спорт откако го освои четвртиот медал на овие ЗОИ. Претходно освои злато во спринтот во поединечна конкуренција, сребро во штафетата на четири пати по 10 километри и на 15 километри класик.

ПретходноЕмил Божиновски е контрола во Милано
СледноКуп пехарот во рацете на Дамјан: МЗТ Скопје секогаш оди на победа!