Куп пехарот во рацете на Дамјан: МЗТ Скопје секогаш оди на победа!

273

МЗТ Скопје го доби Куп-пехарот во трајна вредност од страна на првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ. Тимот од Аеродром, одбраната ја почнува против Гостивар (18.02, 14:30 часот) тим со кого добро се познава.

„Можам да кажам ова е специфично натпреварување во кое не секогаш победува фаворитот. Играме против Гостивар кој е квалитетен тим. Мора да дадеме се од себе доколку сакаме да извојуваме победа“, порача капитенот, Дамјан Стојановски.

Дарко Радуловиќ добро знае како треба да се одигра против Гостивар, останува неговите момци да ја спроведат тактиката на дело и да дојдат до победа за место во полуфиналето.

„Колку и да звучи клише, Купот е најинтересно натпреварување, бидејќи е доста неизвесно. Постојат фаворити, но еден меч решава кој ќе оди понатаму, можете да немате свој ден. Гостивар има квалитетн екипа, спој од искуство и младост, играат квалитетна кошарка, типична шутерска екипа, која има брза транзиција, мора да бидеме помобилни, доколку сакаме да победиме. Ја прифаќеме фаворитската улога, ние сме МЗТ Скопје, секогаш одиме на победа“, изјави Дарко Радуловиќ. 

Гостивар посакува да дојде до изненадување на стартот на Купот на Македонија, но во редовите на овој тим постои верба дека МЗТ Скопје може да се добие.

„Посакувам интересна и неизвесна завршница. Го добивме најнепосакуваниот тим, бидејќи е најквалитетна македонска екипа, со шест репрезентативци и четворица странци. На колку што ние не ги посакувавме, верувам дека и истото мислење е кај нив за нас. Ќе дадеме се од себе да ги изненадиме и да донесеме радост во Гостивар со тоа што ќе го минеме четвртфинале. Ни одговара екипа која игра систем, за разлика од противник чија игра се базира на транзиција. Верувам дека ќе биде квалитетн меч, нека победи подобриот“, изјави Александар Јончевски. 

МАЖИ – ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

18. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

12.00: Пелистер – ТФТ (1)

14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (2)

17.00: Работнички – Феникс 2010 (3)

19.30: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП (4)

ПретходноНорвешка го освои машкиот крос кантри спринт во Пекинг
СледноКуп на Македонија: Тренерите поскаа да биде празник на кошарката, најавија спектакл