Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев во интервју за италијанските медиуми, зборуваше за неговата одлука да си замине од Џенова и да се пресели во Парма оваа зима.
„Ако мислам на Џенова, ме боли, се разбира дека ме боли … првите 4 дена после збогувањето не спиев. Не се плашев да се вратам, но во Џенова ме натераа да сфатам дека повеќе не им требам. И така знаев дека го направив вистинскиот избор, сè уште да се чувствувам жив“, вели Гранде.
Тој вели дека за Џенова всушност било олеснување кога решил да замине.
„Кога отидов во канцеларија видов луѓе кои се среќни што заминав. Жал ми беше, но сфатив дека е готово. Кога кажав за повикот на Парма, никој не ми рече „остани, помогни им на момчињата“. Ми рекоа „ако си решил да одиш, оди“. Можеше да се види дека тие се среќни. Во последните три месеци се чувствувам тешко“.
За одлуката за пензионирање, Пандев смета дека требало да заврши минатото лето по ЕП.
„Можеби згрешив што продолжив по ЕП, но сакав да се простам пред навивачите на Џенова. Сега најважно е Џенова да се спаси, тогаш со задоволство би дошол на стадионот да ги поздравам навивачите. Нема да бидам сигурно за мечот Италија – Македонија“.