Марјан Илиевски не успеа да го однесе Пелистер во полуфиналето на Купот на Македонија. Иако битолчани доминираат во Првата лига, сепак, исто како лани се „лизнаа“ на стартот на битката за трофејот во Купот.
Тој им ја честита победата на ТФТ, но истовреме потенцира дека на теренот за мечевите не одлучуваат играчите.
„Не дека не очекувавме дека ќе заврши вака натпреварот. Исклучувајќи ја играта која ја има ТФТ, им честитам, имаа шутерско шоу и реализцаија во шутот за три. Меѓутоа сето она кое нас не загрижува паралелно со нашите проблеми кои ги имаме во клубот во однос на повредени играчи и кратка ротација, што повторно се случуваат работи што некој некогаш ќе ги постави на маса и ќе ги изедначи. Секоја чест на оној кој ќе победи на натпреварите, но треба да се запрашаме кои се вистинските актери на паркетот во овој случај“, изјави Илиевски.