Олимпискиот првак во скок во височина со спектакуларно забивање на Ол-стар викендот (ВИДЕО)

358

Во Кливленд синоќа почна Ол-стар викендот во НБА-лигата, кој ќе кулмнира во недела за кога е закажан најважниот дуел и парадата на 75-те најголеми кошаркарски имиња на сите вредмиња, кои беа прогласени на почетокот на сезоната по повод 75 години од постоењето на најсилното светско клупско натпреварување. До овој момент ќе се одржуваат помалку интересни настани.

Меѓу нив на првиот ден од Ол-стар викендот е мечот меѓу познатите личности на кој учество земаат пејачи, глумци, телевизиски ѕвезди, асови од други спортови, по некој политичар.

Истите беа подолени до две екипи, предводени од НБА легендите, Доминик Вилкинс и Бил Валтон, победи тимот на Валтон со 65-51. МВП признанието го понесе Алекс Тусен, познат американски инструктор по пелотон.

Во центарот на вниманието се најде италијанскиот атлетичар Џанмарко Тамбери. Актуелниот олимписки и поранешен светски и европски шампион во скок во височина, се истакна со атрактивно забивање со кое ја крена публиката на нозе.


Како вовед на главниот настан се одигра мини турнирот на ѕвездите во подем, тимовите беа составени од дебитанти или кошркари кои ја играат втората сезона во НБА-лига.

Тимот на Рик Бери во финалето и тимот на Ајзеа Томас со 25-20. Играч од одлука беше Данте Канингем, погоди тројка, а потоа запиша важна асистенција за победа. На крајот играчот на Детроит Пистонс беше прогласен за МВП, турнирот го заврши со 18 поени, девет асистенции, две украдени топки и исто толку блокади.

ПретходноПред неколку дена беше дел од организацискиот одбор за СП, па побегна од Катар за да не ја камшикуваат!
СледноЈада на 56.место во крос – кантри маратонот!