Милан „киксна“ против фенерџијата (ВИДЕО)

143

По две врзани победи, лидерот во италијанската Серија А, Милан, вечерва имаше неочекуван „кикс“ на гостувањето кај последнопласираната Салернитана. „Росонерите“ извадија само реми играјќи 2:2 во меч во кој еднаш водеа, а еднаш и бркаа негатива.

Милан тргна моќно и уште во 5. минута со голот на Месиас водеше со 1:0. Сепак, домашните покажаа дека немаат намера да се откажат од добар резултат на свој терен, па преку Бонацоли во 29. минута успеаја да израмнат на 1:1.

Во вториот дел кога се очекуваше нов силен атак на Милан, им се посреќи на домашните. Ѓуриќ погоди во 72. минута и и донесе водство на Салернитана од 2:1. Радоста на домашнте траеше точно 5 минути.

Анте Ребиќ погоди во 77. минута за израмнување и конечни 2:2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЃорѓиев и АЏХ Волеј се пласираа во финалето на МЕВЗА лигата
СледноРеал им се врати на победите, сигурен триумф над Алавеш (ВИДЕО)