Фудбалерите на Атлетико Мадрид победија на гостувањето кај Осасуна со 3-0 во рамките на 25. коло во Ла Лига. Најубавиот потег на мечот доаѓа во 59. минута, кога Луис Суарез го зголеми водството на 2-0.
Жао Феликс, стрелецот на првиот гол од казнениот простор со долга топка го пронајде Суарез, кој од 35 метри ја затресе мрежата на противникот. Со неговиот погодок ги шокираше сите на стадионот, вклучувајќи го и Диего Симеоне, кој беше во неверување.
WHAT A FINISH FROM LUIS SUAREZ 😲🔥 pic.twitter.com/nve9B28IaX
— ESPN FC (@ESPNFC) February 19, 2022
Атлетико Мадрид е на четвртото место на табелата со 42 бода, еден помалку од Бетис и 15 зад Реал Мадрид.