Завршија првите полувремиња на петте прволигашки средби од 20.коло во ПМФЛ. Какви 24 минути за Пепи Горгиев, напаѓачот на А. Пандев. Од 5. до 29. минута, Горгиев постигна три голови за „пандевци“, просто го „наполни“ тимот на Скопје за водство на струмичани од 3:0. Третиот на Горгиев беше од пенал.
На дербито на Арената, каде се среќаваат Работнички и Шкупи многу борба, многу желба, но и многу респект од двете страни. Ристовски имаше две полушанси за домашните, а Адетунџи беше најопасен кај гостите. Сепак недоволно, по првите 45.минути резултатот е 0:0.
По Шара со голот на Воша во 2.минута, Македонија ЃП води со 0:1. Тој ја казни грешката на одбраната на “гипсарите“ кои во првиот напад ја погодија стативата.
Во Струга и Кавадарци исто така голема борба, но без голови.