Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, пред Ол-стар натпреварот вечерва во Кливленд, призна дека не знае што да очекува од настапот во ист тим со ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ.
„Надвор од теренот, мислам дека навистина добро се сложуваме. Ајде да видиме што ќе се случи на теренот. Не знам што ќе излезе од тоа, бидејќи како што велат, тој не е атлета, а и јас не сум. Не знам како ќе играме заедно“, се пошегува Јокиќ.