“Пандевци“ со супер – офанзива во битка за излез во Европа!

516

Ретко кој очекуваше дека по заминувањето на тренерот Александар Васоски и првиот „бомбардер“ Мартин Мирчевски екипата на Академија Пандев ќе продолжи таму каде што застана во есенскиот дел.

Првите два меча во пролетниот дел покажаа дека “пандевци“ имаат дури и подобар тим од есеноска. Имено го нема Мирчевски, но затоа во нападот тука се новаците Пепи Горгиев, Виктор Ангелов и Димитар Митровски. И кога ќе се додаде “староседелецот“ Осман Маронг факт е дека струмичани го имаат еден од најдобрите напади во ПМФЛ.

На Чаир на првиот пролетен меч и тоа кај Шкупи, четата на новиот стратег Ѓорѓе Стојчев одигра одлично, посебно во првиот дел кога имаше шанси и за повеќе голови од тој едниот што го постигна талентираниот Димоски за водство од 0:1. Сепак на крајот Шкупи победи со 2:1, иако како што рековме „пандевци“ прикажаа одличен фудбал.

Завчера во Струмица на сцена стапи „гол – машината“ Пепи Горгиев со три гола за 30 минути, потоа деби гол даде и Ангелов за да Велиновски стави точка на триумфот од 5:0 против Скопје.

А. Пандев во недела гостува во Тетово и тоа кај Шкендија. Тоа ќе биде жестока битка за второто место на табелата, тоа ќе биде меч меѓу две екипи кои играат убав и напаѓачки фудбал. Едвај чекаме да дојде недела за да го проследиме тоа дерби за фудбалско уживање.

Без разлика дали на крајот ќе биде втора или трета, Академија Пандев ќе игра во фудбалска Европа, пласман кој ќе биде голем успех за сите во клубот од Струмица.

Со Пепи, Ангелов, Митровски и Маронг, тоа е реалност, со ваков напад А. Пандев и треба да игра во Европа.

ПретходноТалаков е нов играч на Жилина
СледноМакедонија – Грузија за 100 денари