Манчестер Јунајтед може да добие засилување во одбраната од Барселона, а се работи за 22-годишниот Роналд Араухо. Каталонскиот клуб се обидува да го задржу уругвајскиот репрезентативец но не може да се договори со него околу условите за новиот договор.
Според „Ел Чирингито ТВ“ Манчестер Јунајтед во обид да го придобие фудбалерот му понудил годишна плата од 10 милиони евра што е речиси два и пол пати повеќе од она што му го нуди Барселона.
Каталонците кои се во финансиска криза на уругвајскиот репрезентативец му нудат нешто помалку од 4 милиони евра на годишно ниво. Инаку актуелниот договор на Араухо со Барселона истекува летото 2023 година.
Тој дојде на „Ноу Камп“ од Бостон Ривер во 2018 година.