Леонардо: Парите не се важни, поважно е Мбапе да сака да остане во ПСЖ

124

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен Леонардо изјави дека е нормално ѕвездата на тимот Килијан Мбапе да сака да игра во странство, но увери, дека напаѓачот има желба да остане на „Паркот на принцовите“. Тој исто така потврди дека парите не се во прв план во преговорите со францускиот репрезентативец.

Не е точно дека сме му предложиле годишна плата од 50 милиони евра. Не сме му дале конкретна понуда. Има поважен сегмент од парите. Мислам дека последното нешто за што ќе зборуваме се парите. Сакаме да го поставиме во најдобрите услови за да може да стане најдобриот играч. За парите мислам дека ќе ни бидат доволни и две минути за да ја договориме сумата. Треба да видиме желба на Мбапе да остане. Значи станува збор за чувства. А мислам дека гледам се поголема желба тој да продолжи да игра на „Паркот на принцовите“.

Кога француски фудбалер е стартер, тој има за цел да игра во странство. Не случајно тимот што триумфираше на Светското првенство во 1998 година го сочинуваа главно играчи кои играа во странство. Исто така во 2018 година, Килијан беше единствениот стартер што играше во Франција. Пол Погба и Антоан Гризман никогаш не играле во Лига 1, а Зинедин Зидан повеќе бил во странство отколку во Франција. Но, во минатото немаше клуб со големина на ПСЖ. Ние не сме продавачи. Ние градиме и сакаме да имаме најдобри услови за сите француски фудбалери да изразат желба да останат во Париз“, додаде спортскиот директор.

ПретходноНова забрана – Русите исфрлени од видео-игрите ФИФА 22 и НХЛ 22
СледноРуските и белоруските спортисти исфрлени од Зимските параолимписки игри