Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, ја објасни одлуката напаѓачот Ламине Јамал да не игра на натпреварот од Лигата на нации против Чешка на 12 ноември. Според селекторот, Јамал чувствува непријатност во десното колено уште од победата на Барселона од 3-0 над Астон Вила во четвртото коло од Лигата на шампионите.
„Тоа е правилна одлука. Секако, тој сакаше да игра и доколку имавме итна потреба, можевме да го доведеме. Но, не вредеше ризикот. Пред сè мислиме на неговото здравје и сакаме да биде целосно подготвен. Јамал има мало воспаление кое го спречува да се чувствува добро. Ако сè оди добро, ќе може да се приклучи на тимот без никакви проблеми. Ги третираме сите играчи подеднакво кога станува збор за здравјето“, изјави де ла Фуенте за EFE.
Инаку Шпанија е максимална, има четири победи на исто толку одиграни мечеви досега во А Лиагата на Нации во својата група.










