Majтап или вистина: Конор Мекгрегор изразил желба да го купи Челзи

424

Контроверзниот УФЦ борец Конор Мекгрегор со своја реакција откако Роман Абрамович изјави дека го продава Челзи. За клубот се интересираат четири страни, една е од швајцарски бизнисмен, а другите засега не се откриваат. Но Мекгрегор преку социјалните мрежи го покажа интересот да го купи Челзи.
„Челзи се продава. Сакам да го истражам тоа“, е коментарот на Мекгрегор.
Ова повеќе наликува на шега, но знаејќи ги лудостите кои Мекгрегор ги прави или ги направил во минатото може да влијае на продажбата на клубот од Лондон.
Претходно шкотскиот УФЦ борец се обиде да го купи Селтик но не успеа, а инаку тој е навивач на Манчестер Јунајтед.
Мекгрегор има заработено многу пари во изминатата деценија и неговата заработка се проценува околу 217 милиони евра. Но на оваа сума може да се придодадат и сумите од бизнисите кои ги покрена во изминатите години, како на пример заработува нешто повеќе од 500 милиони евра од својот бренд на виски „Proper Twelve“.

ПретходноПалмеирас е освојувач на Суперкупот на Јужна Америка (видео)
СледноВучиниќ: До својата 30-та година речиси да не тренирав, потоа почнав малку посилно…