Млада голманка на Универзитет Стeнфорд пронајдена мртва

273

Универзитетот Стeнфорд и Фудбалската федерација на САД соопшти за смртта на 22 годишната фудбалерка Кети Мејер. Таа била голманка и капитен на Стенфорд, клубот кој се натпреварува во НЦАА лигата, а била пронајдена во кампусот на познатиот Универзитет во Калифорнија.
Локалниот шериф и неговите помошници ја истражуваат смртта на Мејер, а првичните анализи покажуваат дека смртта не е под сомнителни околности односно дека нема траги на насилство. Наскоро ќе се утврди за што точно станало збор.
Мејер се истакнала со да одбранети пенали во финалето против Северна Каролина освојувајќи ја титулата во НЦАА шампионатот во 2019 година.

ПретходноНесудениот тренер на Работнички со Србија У-21 ќе ја чека Македонија на 24 март!
СледноМакедонецот Андреас Трајковски постави неофицијален светски рекорд!