Димитријевиќ после фантастичната партија: Можеме да се надигруваме со секого!

1
Фото: Арис
Ненад Димитријевиќ зад себе има уште една фантастична партија во дресот на Арис. Македонскиот репрезентативец имаше значаен придонес и во организацијата на играта, а натпреварот против Олимпијакос го заврши со 19 поени.

„Среќни сме. Ова е уште една победа. Ноември е, сè уште се градиме како тим. Ова е добра победа против силен противник. Остануваме скромни и продолжуваме да работиме. Ние сме млад тим, треба да продолжиме во овој ритам. Се обидуваме да ја играме нашата кошарка. Знаевме дека играме против силен противник. Натпреварот го започнавме со три слободни удари. Можеме да се надигруваме со секого. Пред нас е долг пат“, изјави Нено за www. allaboutaris.gr.

За улогата на организатор и реализатор на играта:

„Можам и да постигнувам поени и да креирам игра, можам да ги правам двете работи. Особено во второто полувреме се чувствував добро, пронајдов неколку отворени позиции за шут. Се вклопив во ритамот на натпреварот. Најважна е победата. Сакам да дадам придонес за успехот на тимот“.

ПретходноЧервар пред дуелот со Гумерсбах: Мора да покажеме волја и желба