Како што дознава СпортСпорт, на вечерашниот натпревар од Б Лигата на Нации меѓу Македонија и Словенија ќе има посебен или специјален гостин. Тоа ќе биде претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Познато е дека овој меч за гостите ќе биде од пресудно значење за обезбедување на второто место во групата 1 како и за вториот барабан за ждрепката за пласман на ЕП која ќе се одржи на 6 декември.
Познато е дека Чеферин е голем пријател на Македонија и на мак – фудбалот, тој оваа година веќе беше во Скопје.
Колку за потсетување тој е голем пријател на Македонија и голем поддржувач на мал – фудбалот уште од времето на Илчо Ѓорѓиски и Супер Купот во 2017 во Скопје.
Во негово време Македонија се пласираше на ЕП 2017 за младинци и на ЕП 2021 за сениори и во негово време Вардар и Шкендија обезбедија пласман во групната фаза во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.










