Екипата на Нант го исфрли Монако од полуфиналето на Купот на Франција по триумфот со 6:5 на пенали. Во редовното време и продолженијата мечот заврши 2:2, а во пенал-серијата двајца играчи на Монако промашија, па Нант ја однесе победата.
За Монако ова е уште еден удар затоа што не им оди добро во Лига 1 каде се 9-ти на табелата и се во серија од три меча без победа. Нант ќе се обиде да го освои првиот трофеј по пауза од 21 година. Во 2001 година „канаринците“ последен пат станаа шампиони, а во 2000 година го освоија Купот што беше трет во нивната историја.
Инаку во финалето на 8 мај на „Сен Дени“ во Париз Нант ќе се соочи со Ница која во полуфиналето го исфрли Версај 78. А Ница ќе се обиде да го освои првиот трофеј по 25 години. Последниот трофеј што го освоиле е од Купот во 1997 година.