Сепак првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели не застанува. Тој подготвува натпреварување кое ќе биде поделено на две лиги со по 20 клубови. Екипите од лига Б ќе можат да изборат пласман во лига А, додека клубовите од елитата ќе одат едно скалило подоле.
За разлика од првиот обид овој пат шанса ќе им се даде на повеќе екипи, на тој начин се надеваат дека ќе привлечат голем број на клубови.
Во меѓувреме стигна и одговор од страна на првиот човек на УЕФА, Александар Чефереин, кој претходно порача дека се користела пандемијата коронавирус, додека сега ја користат војната во Украина.
„Клубовите се слободни да креираат свои натпреварувања, но нека не очекуваат дека ќе се натпреваруваат во лигите на УЕФА. Претходно ја користеа пандемијата, сега војната“, порача Чеферин.
УЕФА планира од 2024 година во Лигата на шампионите да има 36 клубови, но новата идеја на противниците може да ја згасне оваа идеја.
За постетување покрај Јувентус, Барселона и Реал Мадрид во создавање на Супер-лигата учествуваа: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Начестер Јунајтед, Тотенхем, Милам, Интер и Атлетико Мадрид.