Бразилски Палмеирас придодаде уште еден трофеј во своите витрини, четврти под водство на тренерот Абел Фереира. По два Копа Либертадорес и еден од Купот на Бразил утринава Палмеирас го освои и Суперкупот на Јужна Америка.
Во финалето го совладаа Атлетико Параненсе со 2:0 во Сао Паоло на реваншот од финалето. На првиот меч освојувачот на Копа Либертадорес и шампионот на Копа Судамерикана одиграа 2:2 во Куритиба.
На реваншот стрели беа Зе Рафаел во 49 минута и Данило во 88 минута.
Ова е прв трофеј за Палмеирас во ова натпреварување, минатата година играа за трофејот но беа поразени од аргентинскиот Дефенса на пенали со 4:3.










