Пишува: Зоран Ѓоршоски
Јасно е дека во спортот, посебно во фудбалот готово е кога навистина ќе биде готово, но дали на 12 кола до крајот на тековната сезона во ПМФЛ можеме уште сега да заклучиме дека преостанатиот дел од пролетната полусезона ќе биде по малку и досаден. Се чини се се знае, кој ќе биде шампион, кој ќе игра во баражот за опстанок а кои две екипи ќе испаднат во ВМФЛ. Единствено, и тоа само благодарение на Македонија ЃП, ќе има жестока битка за третото место кое води во Лигата на Конференции.
Познато е дека викендов завршува вториот круг од сезоната, за да потоа се играат уште 11 кола од третиот или “бергер“ круг.
Велиме се се знае и поради освоените бодови во изминатите кола.
Имено Шкупи е прв со 10 бодови предност пред втората Шкендија, која според своите квалитетите не би требало да има проблем да заврши на ова место и тоа пред А. Пандев и Македонија ЃП. Разликата меѓу „пандевци“ и “лавовите“ е само три бода, и тука ќе биде „жешко“ до крајот.
Реално, ако не се случи некое супер – изненадување, од петтата Ренова па до осмиот Работнички нема да има тектонски поместувања, покрај овие две екипи тука се Струга ТЛ и Брегалница кои не можат горе, но не можат ни долу.
Тоа пак значи дека во баражот за опстанок ќе се најдат екипите на Скопје и Тиквеш. Така засега стојат работите, а испаѓаат Борец и Пелистер, велешани можеби и имаат некоја теоретска шанса, додека битолчани и тоа го немаат ако се знае дека во изминатите 21 коала освоија само 6 бодови и се во минус во однос на Тиквеш од 14 бодови.
Значи се е јасно.
Да, покрај битката за третата позиција, останува да видиме која екипа, а ги има четири во полуфиналето, Струга ТЛ, Македонија ЃП, Силекс и Пелистер ќе го освои Купот на Македонија.
ТАБЕЛА ВО ПМФЛ ПО 21.КОЛО
1.ШКУПИ 51
…………………….
2.ШКЕНДИЈА 41
3.А.ПАНДЕВ 39
………………………….
4.МАКЕДОНИЈА ЃП 36
5.РЕНОВА 31
6.БРЕГАЛНИЦА 30
7.СТРУГА ТЛ 30
8.РАБОТНИЧКИ 28
………………………………….
9.СКОПЈЕ 21
10.ТИКВЕШ 18
………………………………….
11.БОРЕЦ 13
12.ПЕЛИСТЕР 6















