Од лошо полошо се вестите во редовите на Реал Мадрид, посебно за стратегот Карло Анчелоти. Имено откако цела јавност „бруи“ дека Дон Карло е пред отказ, денеска уште една лоша вест за него. Имено тој не ќе може да смета на Тони Крос за реваншот против ПСЖ од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.
Германецот, кој е еден од “мозоците“ на тимот, се жали на повреда, и утре врз него ќе биде извршена магнетна резонанца. Инаку познато е дека „кралевите“ против ПСЖ на „Сантијаго Бернабе“ во вторник ќе мора да ја бркаат негативата од еден гол и тоа без Каземиро, Менди, веројатно и без Алаба. Токму затоа неиграњето на Крос ќе добие на уште поголема тежина.










