Откако го надмина шокот, Рускиот фудбалски сојуз соопшти дека ќе се жали до Арбитражниот спортски суд во Лозана за суспензијата и исфрлањето од сите фудбалски натпреварувања кои ги донесоа ФИФА и УЕФА.
По агресијата на Русија врз Украина, двете најмоќни фудбалски федерации во светот веднаш реагираа, но сега е на потег Русија, односно челниците на тамошниот сојуз. Русите сметаат дека политиката не смее да се меша во спортот и сметаат дека имаат шанси да го добијат спорот, и така според нив правдата биде задоволена.
Тие сакаат овој случај да го забрзаат со цел да можат да го играат бараж мечот со Полска на 24 февруари. Во случај никој да не сака да игра со нив, од тие што се во баражот, тогаш тие ја постигнале целта, без борба ќе се пласираат на Мундијалот.
Сепак ова е малку веројатно, имено ако Русија во некој случај биде учесник на СП во Катар, тогаш тој Мундијал би доживеал фијаско. Која репрезентација во Катар би играла со Русија, тоа е прашањето.










