Руските и белоруските спортисти исфрлени од Зимските параолимписки игри

112

Руските и белоруските спортисти добија забрана за учество на претстојните Зимски параолимписки игри во Пекинг поради руската инвазија на Украина како и поддршката од страна на Белорусија.

Ова го соопшти денес Меѓународниот параолимписки комитет (МПК).

Пред само 24 часа од оваа одлука МПК соопшти дека руските и белоруските спортисти ќе учествуваат без државни симболи и химна. МПК доби критики поради тоа, па ја смени одлуката. Како образложение наведе дека игрите ќе немаат смисол затоа што многу спортисти ќе одбијат да се натпреваруваат против колеги од Русија и Белорусија.

Во последните неколку часови не контактираа огромен број на членови. Ни рекоа дека ќе има големи последици ако не ја преиспитаме првичната одлука. Ситуацијата, која брзо ескалира, не доведе во невозможна ситуација да реагираме брзо и толку блиску пред почетокот на Игрите“, изјави  претседателот на МПК Ендрју Парсонс.

Со тоа МПК им се приклучи на бројните спортски организации кои ја суспендираа Русија и Белорусија и нивните спортисти.

ПретходноЛеонардо: Парите не се важни, поважно е Мбапе да сака да остане во ПСЖ
СледноНант за прв пат по 21 година ќе се бори за трофеј