УЕФА по агресијата на Русија врз Украина, одлучи да ја казни и Фудбалската федерација на Белорусија, односно клубовите од таа земја. Познато е дека Белорусија отворено застана на страната на Русија, а и дава помош врз нападот на Украина, а тоа УЕФА не го простува.
Па така водечките луѓе на Европската куќа на фудбалот денеска одлучија да ја казнат и Белорусија. Имено клубовите од таа земја, како и репрезентацијата, не ќе можат своите европски натпревари да ги играат дома туку на неутрален терен и тоа надвор од земјата, и на нив не смее да има гледачи.
Секако дека ова е поблага казна ако се знае дека ФИФА и УЕФА целосно и тоа од сите натпреварувања ја исфрлија Русија.










