Вечерва со ждрепка беа одредени двојките за четвртфиналните натпревари од ФА Купот на Англија. Еден од главните фаворити за пехарот, шампионот Манчестер Сити, се чини ќе ја има најтешката препрека до полуфиналето.
„Граѓаните“ во четвртфиналната рунда ќе му гостуваат на одличниот премиерлигаш Саутемптон кој годинава е решен да направи изненадување во најстарото клупско натпреварување во светот.
Ливерпул кој вчера го елиминираше Норич во четврфиналето за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Нотингем Форест и Хадерсфилд, Кристал Палас во следната рунда го чека победникот од денешниот дуел меѓу Евертон и Борехам Вуд.
Челзи кој вчера се извлече на гости кај Лутон, во четвртфиналето ќе му гостува на Мидлсброу.
so happy for Liverpool with this FA cup draw. pic.twitter.com/dyjRifdk6H
— olu (@holumeday) March 3, 2022










