Новиот тренер на Барселона, Чави деновиве имал средба со голгетерот на Борусија (Д), Ерлинг Халанд.
Во вторникот, Чави во друштво на еден од челниците на каталонскиот гигант, Жорди Кројф, одржал состанок со напаѓачот на Борусија Дортмунд во Минхен, тврдат шпански извори.
Таму Норвежанецот се опоравува од повредата, па имал специјални гости на заеднички ручек.
Барселона летово ќе има тешка битка за потписот на Норвежанецот за кого сериозно ќе се борат и Манчестер Сити и Реал (М).










