Баерн удрил мерак за бек на Мидлсбро

142

Баерн се интересира за десниот бек на Мидлсбро Џед Спенс. Шампионот на Германија испратил скаути на последните натпревари на  Нотингем Форест каде што фудбалерот игра како позајмен. Се очекува одговор на „баварците“ кога ќе почне летниот преоден рок, пренесува „Скај спортс“.

Но не се единствени кои се интересираат за овој 21-годишен фудбалер. Тука се уште Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и РБ Лајпциг, но и англиските Тотенхем и Арсенал.

Мидлсбро го испрати Спенс на позајмица во Нотингем откако одлучи да се потпре на услугите на Ајзеј Џоунс како десен бек, а тој има одлична сезона. Германското првенство се претвори во место каде се повеќе млади англиски играчи добиваат шанса за развој, а најдбрите примери се Џејдон Санчо и Џуд Белингем.

 

ПретходноШевченко: За мене фудбалот не постои!
СледноСо огласи првиот човек на Ла Лига: Ањели и останатите, лажат повеќе од Путин!