Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас ги нападна претседателите на Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, потенцирајќи дека лажат повеќе од Владимир Путин кога зборуваат за Супер-лигата. Во скоро време се очекува Андреа Ањели да ги изнесе сите детали за новиот проект.
„Ањели ќе мора да излезе со објаснување, доколку не го стори тоа, значи дека лаже. Пред една недела одржа состанок со три клуба, мислам дека беше кај него дома. Сега зборува дека не сака загарантирани места. Ништо не е вистина од ова, тешко дека Јувентус, Барселона или Реал Мадрид ќе испаднат од тоа натпреварување“, изјави првиот човек на Ла Лига, па додаде:
„Секој пат кога читам за ова сe крстам, искрено мислам дека лажат повеќе од Путин. Ги убедуваат клубовите дека учеството во Супер-лигата нема да наштети на националните лиги. Мора да сме идиоти или пак глупи, за да веруваме дека тоа нема да се случи“, додаде Тебас.
Оригиналниот проект Супер-лига пропадна за два дена, откако тимови како Арсенал, Сити, Јунајтед, Тотенхем, Милан, Интер и Атлетико Мадрид, веднаш се повлекоа.










