Кога е војна тогаш јасно е дека само ужасни вести пристигнуваат една по друга. Така и од Украина, земјата која пред точно една недела беше нападната од Владимир Путин. Една од најновите е, а која може да се поврзе со спортот, е дека убиен е еден од тренерите на Шахтјар Доњецк, еден од најголемите клубови во Украина, симболот на украинскиот фудбал во последната деценија и повеќе.
Тоа го кажа Сергеј Палкин, директорот на клубот:
“Вчера беше убиен еден од нашите тренери, тој беше задолжен за работа со децата во нашиот клуб. Русите убиваат Украинци. Веднаш да прекине ова лудило. Не можеме веќе да молчиме. Секој ќе си одговара за злосторствата што се направени“.