Секој ден сме сведоци на се поголеми мерки кон Русија, нешто што досега не е видено во историјата на спортот. Едноставно земјата која изврши инвазија врз Украина, просто ризикува и дефинитивно да биде отсечена од современиот свет.
Најново е тоа што раководството на НБА, најквалитетна кошаркарска лига во светот, забрани нејзините содржини, односно нејзините натпревари, преку тв преноси и снимки да се пренесуваат во Русија.










