Она што се најавуваше неколку денови од денеска е и официјално. Макс Верстапен, светскиот првак во Формула 1 го продолжи договорот со својот сегашен тим “Ред Бул“ и ќе биде дел од него најмалку до 2028 година. За висината на договорот, односно за годишната плата нема официјална информација. Па така се шпекулира дека Холанѓанецот во најмала рака ќе зема колку и Луис Хамилтон во „Мерцедес“ а тоа е 45 милиони евра по сезона. Исто така се шпекулира дека “Ред Бул“ го направил својот возач и подобро платен од Британецот, дека годишната плата на Верстапен е дури 50 милиони евра.
Инаку и двете страни истакнаа дека се задоволни од договорот и дека очекуваат уште шампионски титули.
Six seasons of full send 🙌 Here's to 2022 and beyond @Max33Verstappen ✍️ #GivesYouWings pic.twitter.com/zjkD1nTrRp
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) March 3, 2022










