Реал подготвува отказ, Анчелоти веќе има понуда!

502

Карло Анчелоти пред речиси две години одлучи да го напушти Евертон, едноствано не можеше да го одбие Флорентино Пререз.

Искусниот стратег на „Сантијаго Бернабеу“ се врати после шест години, потпиша договор до 2024 година, но се чини дека истиот нема да го одработи до крај.

„Кралскиот“ тим е на првото место во Ла Лига, но фановите не се задоволни од играта. Анчелоти се најде на мета на критики поради лошите игри, па шпекулациите за негово заминување стануваат се погласни.

Шпанските медиуми објавија дека Перез до крајот на сезоната ќе му врачи отказ. Но, за Анчелоти тоа не треба да биде проблем, англиските медиуми објавија дека тој има понуда.

Манчестер Јунајтед е заинтересиран и за Анчелоти, иако со клупата на овој тим се поврзуваше Маурицио Покетино.

Јунајтед веќе неколку сезони се мака мачи со тренерите, сега сите веруваат дека токму Анчелоти може да биде вистински спас за „црвените ѓаволи“. Но, дали ќе успеат да го донесат останува да видиме по крајот на сезоната.

ПретходноНе се откажуваат: Одново се создава Супер-лига, овој пат ќе биде поинаква!
СледноКуман го прекина молкот: Треба да се запрашате зошто си замина Меси?