Тухел: Ситуацијата е сериозна и играчите ја разбираат

355

Менаџерот на Челзи Томас Тухел и неговите фудбалери го победија Лутон со 3:2 во ФА купот и се пласираа во наредната фаза, а претходно „сините“ го изгубија финалето во Лига купот. Но тие резултати, а и наредните ќе останат во втор плат затоа што во прв план е објавата дека сопственикот Роман Абрамович го продава клубот по речиси 20 години на чело. По руската инвазија на украина Абрамович се најде во ситуација да мора да го продаде лондонскиот клуб.

Дури и да сакам да одговорам, не знам точно што значи тоа на краток рок. Мислам на нас како тим, вработени и играчи. Се надевам дека нема ништо драстично да се промени. Но, да, ситуацијата е сериозна и играчите ја разбираат . Многу ќе се пишува за нас во наредните денови, но ние се обидуваме да го направиме она што треба да го направиме за да ја елиминираме вревата и да останеме фокусирани, што не е секогаш лесно“, рече Тухел.

Веќе се шпекулира за тоа што ќе се случува во Челзи. Се споменува швајцарскиот милијардер Ханс-Јорг Вис, но и уште три заинтересирани страни за кои не се откриваат имиња.

Ова е одлична вест и ќе биде голема промена, но никогаш не сум се плашел од промени и ќе се фокусирам на тоа што можам да влијаам. A на сегашната ситуација не можам да влијаам. За тоа си постои извршен директор, управен одбор и членови. Сигурен сум дека од клубот ќе разговараат со играчите доколу тоа е потребно “, изјави Тухел, кој е 11-ти менаџер ангажиран од Абрамович.

 

Претходно„Олд Фирм“ за првпат во историјата ќе се одигра надвор од Шкотска
СледноСавевски одбра за Словенија, Македонија по прв триумф во ЕХФ Купот