ФА Куп: „Граѓаните“ налетаа на Саутемптон, Челзи ќе оди на „Риверсајд“

254

Вечерва со ждрепка беа одредени двојките за четвртфиналните натпревари од ФА Купот на Англија. Еден од главните фаворити за пехарот, шампионот Манчестер Сити, се чини ќе ја има најтешката препрека до полуфиналето.

„Граѓаните“ во четвртфиналната рунда ќе му гостуваат на одличниот премиерлигаш Саутемптон кој годинава е решен да направи изненадување во најстарото клупско натпреварување во светот.

Ливерпул кој вчера го елиминираше Норич во четврфиналето за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Нотингем Форест и Хадерсфилд,  Кристал Палас во следната рунда го чека победникот од денешниот дуел меѓу Евертон и Борехам Вуд.

Челзи кој вчера се извлече на гости кај Лутон, во четвртфиналето ќе му гостува на Мидлсброу.

ПретходноМак-дерби меѓу Пешевски и Миркуловски без победник!
СледноДиректорот на Шахтјар: Убиен е еден од нашите тренери, веднаш да прекине ова лудило!