Шевченко: За мене фудбалот не постои!

424

Легендарниот украински напаѓач, Андриј Швеченко испрати апел до сите да им помогнат на жртвите од руската инвзација во неговата земја. Тој потенцира дека УЕФА и ФИФА ја донеле најдобрата одлука со суспензијата на Русија од сите меѓународни натпреварувања, иако спортот е последна работа на која треба да се мисли во овој момент.

„Имаме голем број на луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош. За мене фудбалот повеќе не постои, не размислувам за тоа. Не е време да мислам на фудбалот. Во овој момент на прво место е мојата земја, размислувам како да и помогнам, што можам да направам за неа“, изјави Шевченко.

Во дресот на украинската репрезентација на 111 натпревари постигна 48 погодоци, минатата година како селектор ја водеше Украина, а неодамна заработи отказ во Џенова.

ПретходноКуман го прекина молкот: Треба да се запрашате зошто си замина Меси?
СледноБаерн удрил мерак за бек на Мидлсбро